Wednesday, December 4, 2013

Историјата на тенисот

Тенис

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тенисот' е спорт кој се игра меѓу два играчи (сингл), или помеѓу две екипи од два играчи (дубл). Целта во тенисот е да се префрли гуменото топче преку мрежата со помош на рекетот, од својата половина на половината на противникот. На некои места тенисот се нарекува уште и тревен тенис со цел да се разликува од вистинскиот тенис, кој е сличен на денешниот тенис и бил игран во викторијанска Англија. Тенисот стана олимписки спорт во 1988.

Првите почетоци

Игрите со топка датираат од антички времиња и првите знаци на вакви спортови можат да се проследат до цртежи во Египетските храмови кои датираат од 1500 г.п.н.е. Античките Египјани всушност играле игри со топка како дел од нивните верски обреди. Овие традиции и целиот концепт на игри со топка бил проширен во Европа во осмиот век од страна на Маврите, чие царство се простирало до јужна Франција. Колку и да изгледа чудно, всушност мешањето на оваа источна култура со Христијанството го содала тенисот.
Христијанските калуѓери започнале да се за верските обреди на Маврите и така тие биле првите жителие на Европа кои започнале да ја играат играта која подоцна ќе биде наречена тенис. Најпрвата верзија на спортот била наречена “Ла Сол” каде што играчите си подалвале со топката користејќи стап или пак со рацете. Оваа игра станала толку популарна низ манастирите во Европа што дневната црква размислувала дури и да ја забрани.
Оваа многу рана верзија на тенис, каде што топката често била удирана спроти манастирските ѕидови, наскоро излегла надвор од рамките на манастирите и започнала да се развива се повеќе и повеќе за време на 12. и 13. век. Играчите откриле дека им е потешка да ја удираат топката само со користење на своите раце, па така се развила потреба за кожна ракавица. За кретко време се додала и дрвена рачка на кожната ракавица, па така настанал првиот тениски рекет. И топките биле усовршувани, преминувајќи од цврсто дрво кон многу помека конструкција составена од кожа полнета со струготини. Играта наскоро станала многу популарна особено во Франција каде била присвоена од кралството семејство

No comments:

Post a Comment