Wednesday, December 4, 2013

Најпознат тениски турнир

Шампионатот на Вимблдон е еден од најзначајните настани во историјата на тенисот. Играта ја будеше фантазијата на јавноста и не беше потребно долго време за да се родат првите шампиони. Првиот од овие беше Вилијам Реншо, кој го добил приматот шампион на Вимблдон осум пати со ред, помеѓу 1881 и 1889 (освоил второ место во 1887) – рекорд кој останува непобеден сè до ден денес.
Преку следните неколку години, спортот се здобил со огромна популарност, и тоа не само во Англија туку и низ целиот свет и во 1905 година Меј Сатон од САД станал првиот меѓународен играч. Таа година турнирот привлекол 71 играч. Неколку години подоцна, во 1909 година биле присвоени виолетовата и зелената боја, кои се уште се користат и ден денес. Растот на тенисот продолжил и турнирот од 1927 бил првиот тениски настан кој бил пренесуван преку радио. Ова му ја зголемило популарноста на тенисот повеќе, и во 1930тите тој станал спорт од високата мода, предводен од британските ѕвезди како Фред Пери и Дон Баxм и меѓународните шампиони како Хенри Лакост. Во тоа време највообичаени униформи беа долги пантолони за мажите, а за жените долги здолништа и високи чорапи. Модните трендови се развивале побрзо од спортот, и така Бани Остин од САД ја шокира публиката кога на турнирот во 1933 излезе на теренот по кратки пантолони. 1930тите беа времето на кога Вимблдон доживуваше бум и за прв пат целиот шампионат бил пренесуван на радио. Сето тоа дошло до ненадеен крај во 1939 кога војната го прекина турнирот сè до 1946 година (која случајно е последната година кога некој играч носел долги пантолони на теренот). Поствоената генерација го трансформира спортот преку додавање на технички подобрувања кои го претворија спортот во софистицирано поминување на времето за средната класа. 1960тите години беа доминирани од Австралијците Род Лејвер и Рој Емерсон и со ширењето на телевизијата тенисот беше претставен на многу поширока публика, па така тој стана меѓународен спорт во кој се вртат многу пари. Првиот телевизиски пренос во боја на Вимблдон бил во 1967 година. Во 1990те шампионатот стана пославен од било кога, особено поради надежите на Велика Британија за освојување на титула преку Грег Руседски и Тим Хенман. Иако е вистински меѓународен настан, Вимблдон стана британски спортски настан на годината.
Сервис Играчот сервира позади основната линија ја фрла топката во воздухот и ја удира пред таа да го допре подот. Топката мора без одбивање од земја да ја преиде мрежата и да ја допре земјата на другата страна од игралиштето.
Топката се фрла во висина десно од рамото. Раката која го држи ракетот се свиткува назад позади вратот и целосно се испружува при удирање на топката. Тежината на телото се префрла напред. Откако ќе се замавне раката со ракетот ќе се најде преку телото.

No comments:

Post a Comment